Правилник

МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ
БРАНКО ЃУРОВСКИ

1Пријавување на екипа на турнирот

1

Бројот на екипи кои ќе настапат на Меморијалниот турнир Бранко Ѓуровски за 2025 година е лимитиран на 32 екипи учесници.

Формулар за пријава на екипа - задолжително треба да биде доставен пред почеток на првиот натпревар од групната фаза, а истиот е дел од овој правилник.

Лого на екипа - Доколку екипата која настапува на турнирот има сопствено лого истото треба да биде испратено на следниов e-mail: fkslavija@outlook.com или на апликацијата viber на бројот 070-536-883 во спротивно организаторот ќе креира лого за потребите на турнирот.

Котизацијата за учество на турнирот изнесува 5.000,00 денари и истата треба да се изврши најдоцна до 02.09.2025 година на жиро сметка: 300000004524892 - Комерцијална Банка АД Скопје.

Потврдата за платена котизација да ce испрати на следниов e-mail: fkslavija@outlook.com или преку апликацијата Viber на бројот 070-536-883.

Сите преставници/тренери на екипите ќе бидат известени за ждребувањето и почетокот на турнирот најмалку 2 дена пред почетокот на истите.

Со пополнување и потпишување на Пријавата за учество на турнирот сите потпишани играчи и членови на екипите тренери/преставници се согласни дека го отстапуваат својот лик за потребите на организаторот и неговите спонзори за медиумски кампањи кои се поврзани со меморијалниот турнир.

Со пополнување и потпишување на Пријавата за учество на турнирот сите потпишани играчи и членови на екипите тренери/преставници се согласни личните податоци да бидат обработени за потребите на турнирот.

Со пополнување и потпишување на Пријавата за учество на турнирот сите потпишани играчи и членови на екипите тренери/преставници се свесни за сите можни и несакани повреди и последици кои би настале при играта и истите нема да имаат никакви побарувања од организаторот на турнирот. Доколку некој играч не е потпишан на пријавата, а истиот е на списокот на пријавени играчи одговорноста ја превземаат преставниците/тренерите или капитенот на екипата.

2Правила за екипите и турнирот

2

Екипите може да пријават 10 играчи и два тренери/преставници на екипата плус 1 играч џокер по одигрување на елиминациската (групна) фаза. Формуларот за играчи/тренери/преставници на екипите се доставува најдоцна пред почетокот на првиот натпревар и истиот е конечен освен за дополнување на џокер играчот по одигрување на елиминациската (групна) фаза.

Еден играч/тренер/преставник не може да настапи за друга екипа на турнирот доколку е претходно пријавен или играл за друга екипа на турнирот се до одигрување на елиминационата (групна) фаза, а потоа може како џокер на екипа. Доколу дојде до такво нешто се санкционира целата екипа со дисквалификација.

Секоја екипа треба да има свои дресови или маици, а во случај на исти дресови и маици со противничката екипа, екипата која е гостин е должна да облече маркери (организаторот обезбедува маркери).

Во случај на влез во игра на местото на голман, играчот е должен да облече маркер (обезбеден од организаторот).

Голманите мора да имаат различни дресови/маици од останатите играчи од својата и противничката екипа, доколку дојде до совпаѓање на боите голманот е должен да облече маркер (обезбеден од организаторот).

Бодувањето е следно: Победа во групна фаза 3 бодови, нерешен резултат по 1 бод за двете екипи и непојавување на екипа на закажан натпревар -3 бодови.

Измените на екипите се летачки и се прават на средина на теренот во делот обележан за таква намена. Секое непочитување се санкционира со исклучување од 2 минути на играчот кој требал да влезе во натпреварот.

Број на прекршоци дозволени во едно полувреме е 5 (пет) и истите не се пренесуваат во второто полувреме. Доколку дојде до продолжување на натпреварите, бројот на прекршоци од второто полувреме се префрла во продолжението. После 5 (петтиот) прекршок секој се санкционира со пенал од 10 метри (доколку на теренот не е обележан просторот за изведување, истото го врши судијата на натпреварот). Прекршок во казнетиот простор е пенал и се изведува од 6 метри, а истиот може да биде санкциониран и со дополнителни 2 минути исклучување или црвен картон.

Приговор кон судија се санкционира со исклучување од 2 минути.

Секој лизгачки старт се санкционира како фаул, освен старт на топка со кој се брани голот во 6 (шест) метри (блокирање на топката).

Доколку ист играч е исклучен два пати од по 2 минути во текот на ист натпревар се санкционира и регистрира со црвен картон, а истиот има право да настапи на следниот натпревар.

Високо подигната нога т.н. Ѓон се санкционира на местото каде е направен, но истиот не се регистрира како прекршок.

Секое играње со рака се регистрира како прекршок.

Постои корнер од голман. Вратена топка на голман која ќе биде фатена со рака се регистрира како индиректен удар, но не и прекршок на местото каде е фатена топката. При изведување на гол-аут голманот не смее да ја префрли топката преку центарот на игралиштето. Доколку голманот на таков начин ја префрли топката, противничката екипа започнува екипа од средина на теренот покрај аут линијата и не се регистрира како фаул. Гол со рака од голман не важи.

Аут се изведува на самата, или зад линијата во времетраење од 5 секунди, а играчот кој изведува мора да е зад линијата.

Живиот ѕид е оддалечен на 3 (три) метри од местото каде треба да биде изведен прекршокот.

Гол се важи само ако целиот обем на топката ја помине гол линијати и истото важи и за корнер, гол-аут и аут.

Во елиминациската фаза на секој натпревар кој ќе заврши без победник изведуваат по 5 (пет) пенали. Пеналите ги изведуваат играчите кои се наоѓаат на теренот. Доколку и по нивно изведување нема победник продолжува да се изведуват наизменично до означување на победник. Право да шутира има и голманот. Голманот при изведување на пеналите мора со едната нога да биде позади или на самата гол линија.

Во полуфиналните натпревари, натпреварот за 3то место и финалниот натпревар по истекот на регуларното време нема победник се играат две продолженија од по 5 минути. По завршување на натпреварот има 5 минути пауза а помеѓу продолженијата 2 минути пауза. За време на продоженијата екипите немаат право на тајмаут. Доколку продолженијата не донесат победник се продолжува на изведување на 5 (пет) пенали од играчите кои се на теренот, а доколку и по тоа нема победник наизменично изведување до означување на победник. Право да шутира пенал има и голманот.

Вкрстување на групите во елиминациската фаза ќе биде следниот (по азбучен ред): А1-Б2 (првопласираната екипа од група А ќе ја добие за противник вторпласираната екипа од група Б) Б1-А2 (првопласираната екипа од група Б ќе ја добие за противник вторпласираната екипа од група А). Системот продолжува по азбучен ред В1-Г2, Г1-В2 се до E1-Ж2 и Ж1-Е2. Првопласираните екипи се домаќини на натпреварите. Во следната фаза вкрстувањето ќе биде следно: Победникот од натпреварот А1-Б2 игра против победникот од натпреварот В1-Г2, односно Б1-А2 против Г1-В2 (Д1-Ѓ2 против Е1-Ж2 и Ѓ1-Д2 против Ж1-Е2). Во полуфиналето вкрстувањето ќе биде следно: Победникот од натпреварите А1-Б2 vs. B1-Г2 против победникот од натпреварите Д1-Ѓ2 vs. Е1-Ж2 и победникот од натпреварите Б1-A2 vs. Г1-B2 против победникот од натпреварите Ѓ1-Д2 vs. Ж1-Е2.

Доколку две екипи имаат ист број на бодови за пласман во елиминационата фаза се зема предвид меѓусебниот дуел, доколку истиот е со нерешен резултат во предвид се зема гол разликата. Доколку и гол разликата е иста тогаш се зема во предвид која екипа има повеќе голови дадено, а доколку имаат ист број на дадени голови се влече ждрепка.

Доколку три екипи имаат ист број на бодови за пласман во елиминационата фаза се зема предвид меѓусебниот дуел, доколку истиот е со нерешен резултат во предвид се зема гол разликата, а доколку имаат иста гол разлика се влече ждрепка.

3Термини за играње на турнирот

3

Се игра делумно по правилата за мал фудбал. Се игра во 8 групи по 4 екипи, од кои првите 2 од секоја група одат во следната фаза 1/8 финале.

Натпреварот може да започне со најмалку 4 играчи (3 играчи + 1 голман).

Натпреварите од групната фаза се играат 2х15 минути, додека елиминацискиот дел се игра 2х20 минути.

Времетраењето на натпреварот го мери записничката маса и судијата, а истото ќе се следи и на семафор. Секој подолг прекин ќе се стопира од страна на судиите и записничката маса. Во елиминациската фаза последните 2 минути се ефективни (на секој прекин се стопира и времето).

Паузата помеѓу секое полувреме е во времетрање од 5 минути.

Натпреварите започнуваат од 18:30 часот па се до 23:00 часот.

Екипите ќе бидат известени за термините на одигрување на натпреварите 48 часа пред одигрување на истите.

Пред отпочнување на натпреварите сите пријавени од списокот на екипата, кај одговорно лице од записничка маса ја потврдува својата идентификација со документ (пасош, лична карта, возачка дозвола и истите може да бидат во дигитална форма на смарт телефон).

Доколку екипата нема преставник/тренер одговорно лице е капитенот на екипата.

Промена на одигрување на натпревар не е дозволена бидејќи екипите се известени 48 часа пред одигрување на истиот, освен доколку организаторот прави промена поради временски околности. Променетиот натпревар ќе се одигра со известување од страна на организаторот до екипите. Четвртфиналните, полуфиналните и финалните натпревари го носат и правото на тајмаут во секое полувреме во трање од 1 минута и не се пренесува во второто полувреме.

Ждребувањето ќе биде јавно и пренесувано на соицијалните мрежи Facebook или Instagram. За местото и времето на извлекување ќе бидат известени екипите најмалку 24 часа пред отпочнување на истото.

Секоја екипа ќе може да се информира за терминот и редоследот на натпреварите на профилите на Facebook „Меморијален турнир во мал фудбал Бранко ЃуровскиЌ и на Instagram @turnirbrankogjurovski, дополнително ќе биде и креирана Viber група за турнирот.

4Мерки и санкции

4

Доцнење на екипите ќе се толерира до 15 минути од времето сметано за почеток на натпреварот. По истекот на времето натпреварот ќе биде регистриран со службен резултат 3:0 во корист на противничката екипа и дополнително ќе бидат одземени 3 бодови на екипата која не се појавила на натпреварот.

Доколку една од екипите го напушти натпреварот истиот се регистрира со злужбен резултат од 3:0 во корист на противничката екипа, освен во случаеви кога до прекинот противничката екипа има подобар резултат.

Доколку екипата или дел од екипата вклучувајчи ги и преставници/тренери изврши физички напад на судија, противнички играч или службено лице од организација (организаторите носат соодветно обележана маичка со лого на ФК Славија Пржино и лого на турнирот на предната страна, а на задниот дел со големи букви е испишано ОРГАНИЗАТОР) притоа предизвикувајчи неред/инцидент/прекин на натпреварот, делегатот на натпреварот носи одлука со која натпреварот ќе се регистрира со службен резултат 3:0 во корист на противничката екипа освен во случај кога противничката екипа има подобар резултат до прекинот. Учесникот или екипата може да бидат санкционирани со неиграње на најмалку еден натпревар или дисквалификација од турнирот,а сторителот на инцидентот подлежи и на санкции кои произлегуваат од Законот за насилство на спортските терени при МВР на јавен настан.

Навреда на судија како закана, плукање, пцуење се санкционира со црвен картон и суспензија од неиграње на најмалку 1 (еден) натпревар.

Навреда на противнички играч закана, плукање, пцуење се санкционира со црвен картон и суспензија од неиграње на најмалку 1 (еден) натпревар.

5Награди

5

На Меморијалниот турнир Бранко Ѓуровски ќе се доделуваат тимски и индивидуални награди.

Индивидуални награди кои ќе бидат доделени се: Најдобар фудбалер на турнирот и Најдобар голман на турнирот.

Тимски награди кои ќе бидат доделени се : Награда за 1 место, Награда за II место и Награда за III место.

Жиро сметка: 300000004524892

Комерцијална Банка АД Скопје

ЕДБ: 4058013516696