8 Септември 2026 | Спортски комплекс „Никола Саздовски Саздо“
ПОУ „Круме Кепески“ - Припор
8 септември, 2026
6 000 ден
40 екипи, по групи
Бранко го започнува својот живот на село, но животниот пат го води кон Скопје, каде расте и се образува. Скромен и вреден, а уште од рана младост покажува љубов кон фудбалот. Станува машино-бравар, но на вистински начин блеснува на фудбалските терени.
Целата своја кариера ја минува во клубот ФК ФЦУ 55, каде е капитен повеќе од една деценија. Познат е по пожртвуваната игра, лидерскиот дух и верноста кон екипата. Подоцна, една сезона игра и за ФК Комуналец, со кој се натпреварува во Скопската лига. Освен како играч, бил и фудбалски судија, секогаш посветен на спортот.
Трагичната смрт на теренот го прекинува неговиот животен и спортски пат, но не и сеќавањето на него. Во негова чест се организира Меморијален турнир, а во населбата Припор се гради и Младински центар во негова чест. Неговиот дух продолжува преку новите генерации, преку екипата што ја формира неговиот внук, а кој го носи истото име и истата страст за играта.
За Бранко Ѓуровски →